Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

15 лица заболени од сезонски грип минатата недела во Охрид

Охрид, 10. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на минатата недела, од 29-ти ноември до 5-ти декември во Македонија се регистрирани 100 случаи на сезонски грип, што е повеќе во однос на претходниот извештај.

Според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), 15 од нив се регистрирани во Охрид, 44 во Дебар, 33 во Гостивар, 6 во Тетово и 2 случаи во Кавадарци. Во однос на возрасната дистрибуција, 52 лица се на возраст од 15-64 години, 29 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години, 18 кај деца на возраст од 5-14 години и едно лице на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај најмладите, децата на возраст од 0-4 години.

Кумулативно, од почетокот на сезоната, на државно ниво вкупниот број на заболени изнесува 509 и е за 2,3 пати повеќе во споредба со истиот период минатата сезона. Во Охрид досега се регистрирани вкупно 90 лица.

Од 12-ти ноември досега вакцинирани се вкупно 47.978 лица со бесплатна или комерцијална вакцина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука