Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Градоначалникот Пецаков во посета на Планинската спасителна служба

Охрид, 10. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот Кирил Пецаков во придружба на претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и секретарот на општина Охрид, Александар Китески оствари посета на Планинската спасителна служба.

Градоначалникот Пецаков се запозна со целокупната опрема и стручниот кадар со кои располага службата за спасување. На средбата со членовите на службата беше разговарано за тековните проекти како и за подготвеноста за делување на непристапен планински терен. Заеднички беше заклучено дека Службата за спасување на планина е од исклучително значење за подигнување на нивото на безбедност на планинарите во Охридскиот регион.

https://ohrid.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/Spasitelska_sluzba_12102021007.jpg

Исто така, беше разговарано и за можностите за поддршка на службата како и за соработка во насока на промоција на Охрид како безбедна дестинација за развој на планинарски туризам и промоција на планинарските спортови.

Во моментов, во Планинската спасителна служба волонтираат петнаесетина спасители обучени да делуваат на комплексен технички терен, како и повеќе од 30 волонтери, искусни планинари, обучени за логистика, пребарување и спасување на нетехнички планински терен. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука