Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Градските советници донесоа одлуки за избор на нови членови во Управните и Надзорните одбори на јавните претпријатија

Охрид, 13. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со петнаесет точки на дневниот ред, од кои дванесет беа посветени на разрешување на старите и избор на нови членовите во Управните и надзорните одбори на јавните претпријатија, денес се одржа петтата седница на Советот на Општина Охрид.

– Со мала дискусија, мнозинството сооветници ги донесе одлуките за избор на нови членови во управните и надзорните тела. Другите четири точки од дневниот ред кои се однесуваа за определување на надоместок за членовите на Општинската изборна комисија и избирачките одбори и усвојување на елаборати за проценка на штети од временски непогоди, советниците едногласно ги усвоија, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: ОхридПрес

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука