декември 16, 2021

Охрид, 16. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Дождот и снегот го вратија во живот Охридското Езеро, нивото и понатаму продолжува да расте.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,35 м.н.в, што е за три сантиметри над просечното ниво за декември (693,32 м.н.в) и за 25 сантиметри над дозволениот минимум. Температурата на езерската вода, измерена утрово е 8,5 степени, што е за 0,7 степени пониска од просекот за овој период од годината.

Нема опис за фотографијата.

За скоро три недели езерскиот водостој се покачи за 25 сантиметри. За разлика од годинава, минатиот декември речиси половина месец езерото беше на еден сантиметар под минимално дозволеното ниво.

Во Охрид денес умерено до значително облачно и студено време. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 5. степени.

– Следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер. Утре попладне, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени локални врнежи од снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука