Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Утре акција за подигнување кабаст отпад во населбите од 8-ма Урбана единица

Охрид, 17. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од ЈП „Охридски Комуналец“ ги известуваат граѓаните на општина Охрид дека утре, сабота, на 18-ти декември, организира акција за подигнување кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од 8-ма Урбана единица.

– Со акцијата ќе бидат опфатени улиците: „Никола Карев”, „8-ми Септември”, „Мирче Ацев”, „Лазо Трпоски”, „Галичица”, „Ванчо Питошески”, „Билјанини Извори“, „Карпош Војвода”, „Сирма Војвода” и други споредни улици од овој реон. Се молат граѓаните кои живеат во наведените делови од градот, доколку имаат ваков отпад, уредно да го депонираат во утринските часови најдоцна до 08:00 часот на места достапни за нашите возила, со претходно пријавување на локацијата во Секторот за механизација на телелефонот 075/495-428, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука