Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведен млад охриѓанец кај кого полицијата пронајде над 3.000 пeтарди

Охрид, 17. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти декември 2021 година, во 11:10 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници го приведоа и лишија од слобода 21-годишниот Р.Л. од Охрид.

– При извршена контрола и преглед на неговото возило „Опел Комбо“, пронајдени и одземени се 85 пакувања со 3.260 парчиња пиротехнички средства – петарди. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука