Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Горан Папаз со вистински музички подарок за Нова година „Го молам ноќва небото“ (Видео)

Охрид, 17. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Откако во септември оваа година ни ја подари преубавата „Кога љубов имам“, врвниот македонски саксофонист Горан Папаз сними обработка на големиот хит на неповторливиот Тоше Проевски „Го молам ноќва небото“.

– Музиката е на Григор Копров, а аранжманот и продукцијата ги потпишуваат Горан Папаз, Танче Гроздановски и Иван Еминовиќ. Вокалот е на Андреа Гроздановска, потенцираат од тимот на Папаз.

извор: ОхридПрес фото/видео: Горан Папаз

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука