Здравје Избор Охрид

Царскиот рез е „во мода“ и кај охридските родилки

Охрид, 27.мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Породувањето со царски рез „на мода” во неколку градови во земјата. Прв на табелата е Охрид каде жените повеќе раѓаат по пат на хируршка интервенција отколку по природен пат, пишува Здравство 24.

Според податоците на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, во текот на минатата година во охридската болница имало повеќе породувања со царски отколку вагинално (280 наспроти 272).

Ваквиот тренд го следат и жените во Гевгелија. Бројот на случаи со царски рез е скоро изедначен со оние каде бебињата дошле на свет по природен пат – 103 наспроти 106. Со 49 проценти во 2014, породувањето со царски рез главен избор и за струмичанки. Анализата на ФЗОМ покажува дека во Струмица овој тренд е во постојан пораст од 2009 година кога овој метод го практикувале само 28% од жените.

И во Општата болница во Струга бележат зголемување на породувањата по пат на царски рез. Од 36% во 2009 до 48,6% во 2014 година.

На табелата се наоѓа и Гостивар. Лани, 1/3 од породувањата биле со хируршка интервенција.

Прилеп засега е единствениот град минатата година имало намалување на процентот на породувања со царски рез.

И додека во Македонија има драстично зголемување на породувањата со царски рез, во земјите од регионот има намалување. Ако кај нас е 29% во Словенија и Хрватска е 19%. (Крај)

извор:Здравство24 фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука