Забава Избор

Баскерфест и оваа година ќе допатува во Охрид

Охрид, 27. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од минатата година, фестивалот на улична уметност Баскерфест започна да се организира и во останатите македонски градови, освен во главниот град.

И годинава караванот кој носи радост, а оваа година го прославува 10-от роденден, по повод јубилејот, подготви одлична баскер програма надополнета со музика, не само за скопјани туку и за цела Македонија.

Баскерфест 2015 започнува на 12 јуни во Скопје, а ќе трае се до 13 јули. Во Охрид пристигнува на крајот на јуни. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука