Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Денес се отвора првата сензорна градина на отворено во Охрид

Охрид, 23. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе биде отворена првата сензорна градина на отворено во општина Охрид за ученици со попреченост во ОУ „Григор Прличев“.

Сензорната градина која ќе биде место за сензорна стимулација на учениците со попреченост, учениците од аутистичниот спектар, но и за сите ученици во училиштето. Овие сензорни градини се новитет во нашата држава и е прва во Охрид и југозападниот дел на Македонија. 

Можно е да е слика од 3 луѓе и надвор

Создавањето на градината е во соработка со проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран”. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука