Избор Свет

Првата СМС порака продадена за 107 илјади евра

Париз, 23. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Првата СМС порака во историјата, во која пишува „Среќен Божиќ“, беше продадена на аукција во Париз за 107.000 евра.

Продажбата беше направена од британската телекомуникациска компанија Водафон, преку таканаречен уникатен токен.

Пораката која била испратена на 3-ти декември 1992 година се состои од 15 карактери а ја испратил програмерот Нил Папворт до неговиот колега Ричард Џарвис.

Од Водафон соопштија дека средствата од продажбата ќе бидат донирани во УНХЦР.

Уникатните токени (НФТ) се вид на дигитален потпис со кој се потврдува во чија сопственост е одредена онлајн содржина, и дали таа е оригинална.

Создавањето на овие НФТ-а вообичаено се прави преку „блокчејн“ мрежата на Етериум. Во последниот период популарноста на НФТ-ата драстично порасна.

Во март, директорот на Твитер, Џек Дорси, го продаде на аукција првиот твит во историјата, додека на сличен начин Тим Бернерс Ли го продаде изворниот код на интернетот. (Крај)

извор: Радио МОФ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука