Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Бочварски: Со новиот закон нема да може да се легализираат бесправно изградени објекти во границите на охридскиот регион

Скопје/ Охрид, 23. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Креирано новото законско решение за легализација на бесправно изградените објекти.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски потенцира дека истиот, по реакциите во јавноста и ветото на претседателот Пендаровски на претходниот предлог закон, е направен во консултација со невладини организации, асоцијации и сите кои пројавиле интерес, при што биле прифатени голем број од барањата.
Предмет на легализација ќе бидат бесправно изградени објекти до 1-ви јануари 2021 година. Што се однесува на охридскиот регион, нема да може да се легализираат дивоградби за кои е утврдено дека не се во согласност со планот за управување со светското природно и културно наследство, истакна Бочварски и додава дека исклучок за охридскиот регион ќе биде доколку објектот е со намена А1 и е во зона за одржливо користење, но задолжителна согласност од министерството за животна средина.

Асоцијацијата на архитекти на Македонија е против повторно носење на Законот за легализација на дивоградби

– Нема да може да се стават во правна рамка објекти изградени во граници на заштитени подрачја и тоа зона за строга заштита и зона активно управување, објекти во споменичка целина на старото градско јадро на Охрид, во подрачје на недвижно културно наследство, во подрачје во кое се врши или е планирана експлоатација на минерални суровини. Нема да се дозволи да се стават во правна рамка бесправно изградени објекти во заштитени зони на аеродорими, во зони на гранични премини во радиус од 100 метри на граничната линија, на сообраќајници и подрачја на кои со урбаничтички план е предвивена изградба на објекти од јавен интерсес утврден со закон, потоа објекти изградени на земјиште за кое во катастар е запишано право на хипотека, станбени згради како и доградби и надградби со намена А2, сите видови на врмени објекти како базени, гаражи, сите видови урбана опрема и помошни објекти во функција на друг објект, подвлече Бочварски.

Согласно барањата на невладините организации, како ограничување во новиот закон е ставено што еден барател ќе може да легализира само еден објект, а ќе се земат предвид само сметките за јавни услуги.

Надоместот за комуналии ќе оди скалесто. За објект до 80 м² ќе се пресметува по редовниот комунален надомест во матичната општна плус 50% казна и казнени пенали за бесправна градба. За објекти над 80 м² надомест ќе се утвди според редовната цена на чинење плус зголемен за 100 % како казна за оние што не оделе по редовна постапка.

Бочварски потенцира дека зголемен е и опфатот на граѓани кои нема да плаќаат надомест за легализација, со цел да се излезе во пресрет на социјално загрозените лица. Оние кои имаат приход до180.000 денари нето годишен приход, нема надомест за легализација.

Рокот за поднесување барање за легализација е 6 месеци од стапување во сила на законот, кој прво треба да го помине собранискиот филтер. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука