декември 23, 2021

Охрид, 23. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – По периодот на раст, регистрирано минимално намалување на нивото на водата во Охридското Езеро

.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,33 м.н.в, што е за еден сантиметар над просечното ниво за декември (693,32 м.н.в) и за 23 сантиметри над дозволениот минимум. Температурата на езерската вода, измерена утрово е 8 степени, што е за 1,2 степени пониска од просекот за овој период од годината.

Можно е да е слика од текст кој вели „землоделство, управа работи- (споредба табела реките природните езера ретходниот ден тенденциа наредниот ден) 23.12.2021 водостои прикажани река легуновце вардар вардар cm измерени 22.12.21 23.12.21 07:30 81 велес д.капила- вардар 24.12.21 просек 91 28 70 лепенец декември 98 99 84 145 34 115 16 20 бабуна 11 16 28 црна река 130 102 三 120 102 -радика ≡ = 106 103 115 измерени BO 146.91 :30 847.60м 146.91 842.22 842.22 табела 693.33 = температури 693.33 вода 843.77 = охрид -ез.охрид 5.0 693.32 на преспанско минимум 842.25 (ΜΗΜ). Xc "наколец" (см) одобрил: директор, муртезанов тамошна обработка корекција лијание“

За речиси една недела водостојот опадна за два сантиметри. Колку за споредба, минатиот декември речиси половина месец езерото беше на еден сантиметар под минимално дозволеното ниво.

Во Охрид денес сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 5. степени.

– Утре и за време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Од недела ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд. Утринските температури насекаде ќе бидат позитивни, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука