Избор Локална самоуправа Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

ЈП „Билјанини Извори“: Спортот и спортските клубови и школи се висок приоритет во тековното работење на претпријатието и Градоначалникот Пецаков

Охрид, 23. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Претставници на ЈП „Билјанини Извори“ денес остварија работна средба со сите фудбалски школи кои користат услуги на СРЦ „Билјанини Извори“.

– Состанокот со фудбалските школи се реализира на иницијатива на јавното претпијатие и на истиот присуствуваше и Градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков. На состанокот се разговараше околу досегашната соработка со фудбалските школи како и околу идните планови и приоритети за заедничко делување. Спортот и спортските клубови, школи се висок приоритет во тековното работење на претпријатието и Градоначалникот Пецаков така што и во иднина ваквиот начин на комуникација и еден вид на соработка ќе продолжи и со другите правни субјекти кои ги користат услугите на претпријатието со цел да се слушни гласот на спортските работници и да се етаблира конструктивен начин на соработка, информираат од Јавното претпријатие. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука