декември 24, 2021

Охрид, 24. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ изминативе денови расчистиле неколку мини депонии во селото Трпејца, но за кратко време повторно ја затекнале истата состојба, расфрлани кревети, фотелји, пластични столици…Можно е да е слика од надворМожно е да е слика од 1 лице, надвор и дрво

– Се расчистуваа локациите каде несовесни граѓани депонирале секаков вид отпад: најразновидна покуќнина, градежен шут, зелен отпад од градини и друго. Од овие мини депонии се подигнати над 30 кубни метри отпад со ангажирање на специјална механизација. Но, за жал потоа повторно затекнавме иста слика. Повторно интервениравме со надеж дека нема повторно да сме сведоци на овие фотографии, информираат од ЈП „Охридски комуналец“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ЈП „Охридски комуналец“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука