Објавен конкурс за именување нотари во Охрид и Струга
Охрид, 24. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за правда распишува конкурси за именување нотари и извршители.
Конкурс е распишан за едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Охрид; едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Струга; едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Тетово; едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Велес и две нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Куманово.
Конкурс е распишан и за именување на тројца извршители на местото на извршителите на кои им престана должноста извршител, за подрачјето на Основниот суд Тетово; подрачјето на Основниот суд Куманово, Основниот суд Кратово и Основниот суд Крива Паланка и за подрачјето на Основниот суд во Прилеп и Основниот суд во Крушево.
Деталите за конкурсите на следниот линк. (Крај)
извор: Академик фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |