Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Минатата недела 22 лица во Охрид заболени од сезонски грип

Охрид, 24. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Минатата недела, од 13-ти до 19-ти декември во Македонија се регистрирани 144 случаи на сезонски грип, што е повеќе во однос на претходниот извештај.

Според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), 22 од нив се регистрирани во Охрид, 41 во Дебар, 26 во Гостивар, 20 во Тетово, во Куманово 16 и во пет Центри за јавно здравје или подрачни единици бројот на регистрирани е помал од 10.

Во однос на возраста, 72 лица се од 15-64 години, 34 кај деца на возраст од 5-14 години, 28 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години и 10 лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај најмладите, децата на возраст од 0-4 години.

Кумулативно, од почетокот на сезоната, на државно ниво вкупниот број на заболени изнесува 787 и е за 2,7 пати повеќе во споредба со истиот период минатата сезона. Во Охрид досега се регистрирани вкупно 129 лица.

Од 12-ти ноември досега вакцинирани се вкупно 48.688 лица со бесплатна или комерцијална вакцина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука