Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

175 санкции за возење под дејство на алкохол, од нив 17 на територијата на СВР Охрид

Охрид, 25. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашната вечер, 24/25.12.2021 година, во периодот од 22:00 до 03:00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија.

– При тоа санкционирани се 175 возачи. Од нив, 48 на територијата на СВР Скопје, 35 на територијата на СВР Битола, по 17 на територија на СВР Охрид и СВР Струмица, 15 на територија на СВР Штип… Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука