ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Ред сонце, ред облаци – прекрасен декемвриски ден во убавиот Охрид (Фото)

Охрид, 25. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Денешниот, 25-ти ден од декември донесе ред сонце и ред облаци во убавиот Охрид.

Бројни охриѓани, но и граѓани од целата држава, на само неколку дена до Новата година, го искористија пријатното и релативно топло и сончево време за овој период од годината за прошетка покрај езерото.

No description available.

Најраздвижено беше по кејот и по пешачката патека после каналот „Студенчишта“ каде многумина уживаа во пријатна прошетка.

No description available.

Според метеоролозите денес во Охрид ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 9. степени.

– За време на викендов по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла и ниска облачност. Облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови пораст на температурите и топење на снежната покривка, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес/УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука