ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Новогодишна порака од Охридските нуркачи: Правиме голема штета, да ја чуваме животната средина (Видео)

Охрид, 27. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охридските нуркачи на сопствен и препознатлив начин ја честитаат новата 2022 година.

Никола Паскали и Игор Буловски од Нуркачкиот центар „Акватек“ пред Нова година се вистински ЕКО Дедо Мразовци, кои уште еднаш апелираат и ја апострофираат штетата која сите ја правиме со загадувањето на непосредната средина во која живееме.

– Целта на видеата е да се прикаже штетата која ја правиме врз животната средина со нашето неодговорно однесување. Како да немаме почит кон природата и животните. Зошто? Пластични шишиња, најразлична амбалажа од прехрамбени производи, секакви најлони, обувки, текстил и многу други „подароци“ кои ние луѓето ги депонираме низ водите. Не заборавајте дека истата таа вода ја пиеме сите ние. Каква вода ќе пијат идните генерации? Што ќе остане за нив? – прашуваат од „Акватек“.

И во годината која е зад нас, тие спроведоа бројни ЕКО акции за чистење на дното на езерото од „подароците“ кои неодговорни поединци меѓу нас секојдневно му ги „подаруваат“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: НЦ Акватек

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука