Новогодишна честитка за поддршка на децата со ретки болести од дното на Охридското Езеро
Охрид, 27. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – На еден редок и навистина уникатен начин, нуркачите на Клубот за подводни активности „Охрид“ ги упатија своите новогодишни честитки до децата со ретки болести, за кои накитија и им ја посветија нивната ретка подводна новогодишна елка.
Упатија најубави желби за во новата 2022 година, сите заедно да влеземе со надеж за подобри денови.
– За оваа категорија на дечиња потребна е поголема достапност на терапијата, која значи живот за нив, но и одобрување на и нови терапии, порачаа нуркачите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Клуб за подводни активности „Охрид“
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |