ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Отстрането возилото кое заврши во трската во Охридското Езеро (Фото/Видео)

Охрид, 27. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со посебно возило-дигалка попладнево беше отстрането возилото марка „Цитроен Берлинго“ од трската во Охридското Езеро, каде заврши ноќеска, на стариот пат за Струга.

До овој момент нема потврдени информации за причините кои довеле до незгодата и дали во истата има повредени лица.

Во незгодата е причинета поголема материјална штета. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука