Економија Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Градскиот Совет го усвои општинскиот Буџет за 2022 година „тежок“ 652 милиони денари

Охрид, 29. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со 15 гласа ЗА и 6 воздржани,  Градскиот Совет денеска го усвои општинскиот Буџет за 2022 година.

Буџетот е „тежок“ 652 милиони денари (10,6 милиони евра), а средствата се распределени во програми по сектори и одделенија, кои исто така добија зелено светло од советниците.

На Дневен ред на шестата седница беа вкупно 71 точка – предлог буџетските програмите за туризам, локален економски развој, потоа за капитални инвестиции во образованието и детската заштита, како и предлог програмите за работа на охридските јавни претпријатија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука