ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Нова еко акција на нуркачите од „Акватек“: Стоп за пластиката (Видео)

Охрид, 29. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Нова еко акција на нуркачите од „Акватек“, кои оставаат зад себе година исполнета со бројни акции со кои редовно апелираа на совеста на граѓаните за важноста за зачувувањето на чистата животна средина.

– За да се обезбеди удобен, мрзлив и евтин живот на луѓето се користи пластика. Измислена е во 1855 година, а денес сме веќе затрупани во неа, потсетуваат од Нуркачкиот центар „Акватек“ од Охрид.

И во годината која е зад нас, тие спроведоа бројни ЕКО акции за чистење на дното на езерото од „подароците“ кои неодговорни поединци меѓу нас секојдневно му ги „подаруваат“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: НЦ Акватек

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука