COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

396 нови случаи на Covid-19, 16 новозаболени, едно починато и девет оздравени лица од Охрид

Скопје, 29. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 4.858 тестирања, при што се регистрирани 396 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 196
• Битола 31
• Прилеп 23
• Гевгелија 17
• Охрид 16
• Кавадарци 14
• Куманово 13
• Струмица 10
• Ресен 9
• Велес 8
• Штип и Кочани по 7
• Берово и Валандово по 6
• Неготино 5
• Тетово, Кичево и Струга по 4
• Богданци и Македонски Брод по 3
• Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш и Крушево по 2
• Делчево и Дебар 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 5 починати лица од Скопје (68, 72, 74, 89 и 94 години), две починати лица од Прилеп (53 и 64 години) и по едно починато лице од Охрид (87 години), Куманово (81 години), Свети Николе (71 години), Битола (51 години), Велес (83 години), Струмица (61 години) и Берово (78 години). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени четири починати лица со датум на смрт 17.12. до 25.12.2021 година. Регистрираните се починати лица од Пехчево (2), Скопје (1) и Штип (1) на возраст од 71 до 87 години. Две лица се починати во болнички и две лица се починати во домашни услови. Од вкупниот број на починати лица (n=18), 7 лица се целосно вакцинирани.

Регистрирани сe 207 оздравени пациенти од:

• Скопје 116
• Битола 14
• Кавадарци 13
• Прилеп и Охрид по 9
• Крива Паланка 7
• Куманово и Штип по 4
• Струмица, Кочани, Гевгелија, Ресен и Радовиш по 3
• Тетово, Велес, Кичево, Струга и Демир Хисар по 2
• Неготино, Виница, Пробиштип, Валандово, Богданци и Крушево по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.586.033 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 224.134, бројот на оздравени пациенти е 211.228, на починати е 7.935, а бројот на активни случаи изнесува 4.971. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука