Се зборува на Facebook: Недела неработен ден, охридските дуќанџии отворено против
Охрид, 30. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Откако неодамна беше усвоен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со што недела со почетокот на новата година станува неработен ден, со реакција се јавија сопствениците на продавници и дуќани во охридската чаршија обединети во Здружението „Чаршиски еснаф“.
Тие отворено негодуваат на усвоениот Закон и сметаат дека таквата одлука катастрофално ќе се одрази врз нивното работење, негативно за локалната економија, но и за градот како најпознат туристички центар во државата.
Оваа вест е една од најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress.
Во бројните коментари под објавата, охриѓани најчесто се против иницијативата на дуќанџиите и коментираат дека вработените треба да имаат барем еден слободен ден во неделата. Дел од граѓаните потсетуваат и на правата од работен однос на вработените, законската обврска за исплата на К 15 и сл. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |