Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Празниците се повесели со „Drunk N’ Bells“ на охридскиот Hip Hop артист Bagzi (Видео)

Охрид, 30. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Празниците се време за позитивна енергија, насмевки и многу убава музика.

Охридскиот Hip Hop артист со псевдоним Bagzi, за највесели празници ве потсетува на неговата „Drunk N’ Bells“, песна со која тој се претстави пред поширокиот аудиториум.

21-годишниот Благој вели дека Hip Hop музиката ја сака од мали нозе.

– Текстот е лично мој, а во изработката на песната многу ми помогна Наум Доловски- Мечкаров. Композицијата е снимена во неговото студио, додека битот е на SJIT x Deepp C. Спотот е снимен од страна на Дарио Јанковиќ-General film Studio, вели Bagzi.

Покрај студирањето и рапувањето, тој често ја забавува и охридската публика низ охридските клубови како Dj. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука