Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид се подготвува за Новогодишното славење, поставена бината во центарот на градот

Охрид, 30. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охрид е на нешто повеќе од 24 часа од дочекот на највеселата ноќ во годината.

И покрај тоа што беше најавена скромна прослава и украсување, сепак градот изгледа убаво, а и програмата која е предвидена на Градскиот плоштад ќе привлече бројни посетители. На плоштадот „Свети Климент Охридски“ за забавата ќе бидат задолжени „Ле-трик“, „Бекдор-Бенд“, „Камелеон“, „Урбан планет“, Ѓоко Танески и Татијана Стефаноска. Специјален музички гостин на вечерта ќе биде Верица Ристеска, а свој перформанс ќе имаат Dj Face, Dj Gec и Dj Jana Slayy.

Забава ќе има и на 1 јануари, кога во периодот од 13:00 до 15:00 часот, кога ќе настапат членови на охридскиот музички еснаф во проширен камерен оркестар, кои ќе изведат репертоар од охридски композиции.

На сцената на Градскиот плоштад во рамки на дневната забава на 2-ри јануари, во периодот од 13:00 до 15:00 часот ќе настапи „Ансамбл Билјана“ со специјалната програма „Охрид, Охрид убав мил“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука