COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Струга ТОП ВЕСТИ

Едно лице од Струга заразено со омикрон, новиот сој на корона вирусот

Струга, 30. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во Струга е регистриран вториот случај во Република Македонија на инфицирано лице од новиот омикрон, новиот сој на корона вирусот, потврдија од охридскиот Центар за јавно здравје.

Заболено е невакцинирано повозрасно лице кое во моментов се наоѓа во изолација. Не се знае каде ова лице ја добило инфекцијата.

Во Струга и околината, голем е бројот на печалбари, кои се враќаат во домовите во овој период на годината.

Според последните, официјални информации на Министерството за здравство на Република Македонија, во текот на изминатите 24 часа во Струга е регистрирано едно новозаболено лице. (Крај)

извор: мкд.мк фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука