ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Последна ЕКО акција на „Енхелеус Лихнид“ за 2021, од охридска компанија добија комбе за Нова година

Охрид, 30. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Активистите на Здружението за заштита на природното и национално богатство акција „Енхелеус Лихнид“, денеска ја спроведоа последната ЕКО акција за оваа година.

– Спроведовме ЕКО акција на манастирското гумно кај Крстот, до манастирот „Свети Спас“ во Горно Лакочереј. Воедно, оваа акција е последна за 2021 година. Одлуката за оваа акција беше духовното смирение на „Свети Спас“ и преубавата природа со која располага манастирот. Препорака од нас да се посети манастирот, за да ја почуствувате неговата духовна големина, порачаа од „Енхелеус Лихнид“.

May be an image of 1 person, nature and tree

May be an image of sky, nature, tree and mountainMay be an image of 2 people, people standing and outdoorsMay be an image of outdoors and treeТие испраќаат благодарност до охридската компанија Лафи ДООЕЛ кои им подарија комбе за Нова година, со што сега ќе бидат уште поефикасни во нивните акции.

– Им благодариме за подарокот, кој е круцијален за нашите потреби. Голема помош кон битката за нашата цел Охрид да е чист, порачаа од ЕКО дружината. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Енхелеус Лихнид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука