Скопјанка и нејзиниот четиригодишен син загинаа во сообраќајка кај Градско
Неготино, 27. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Триесетичетиригодишна скопјанка и нејзиниот четиригодишен син загинаа вчеравечер во сообраќајка на автопатот Велес – Неготино.
Во несреќата полесно е повреден нејзиниот сопруг, кој го возел автомобилот со кој патувало целото семејство.
Несреќата се случила околу 19:00 часот во непосредна близина на наплатната рампа кај Градско.
Семејството патувало со автомобил „Мазда“ и најверојатно налетале на еден од двата камиони кои претходно на патот се судриле, и автомобилот по ударот излетал од патот.
По наредба на јавен обвинител телата на загинатите им се дадени на семејството. (Крај)
извор: Плус Инфо фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |