ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид облеан во сонце и полн со гости ја дочекува Новата 2022 година (Фото)

Охрид, 31. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Туристички Охрид, облеан во сонце, на температура од 8-9 степени и полн со гости ја испраќа старата и ја дочекува Новата 2022 година.

Бројни гости од земјата, но и странски од кои најмногу од Србија, Бугарија и Албанија, уживаат во некој од кафе баровите и рестораните, каде веќе започнаа дневните забави за посетителите.

No description available.

No description available.

No description available.

Во центарот на градот е зголемено движењето на пешаци и возила, што предизвикува краткотрајни застои во сообраќајот.

No description available.

За вечерва е подготвен организиран дочек на Градскиот плоштад во Охрид, каде ќе има и богата музичка програма со локални музичари. И покрај тоа што беше најавена скромна прослава и украсување, сепак градот изгледа убаво, а и програмата која е предвидена на Градскиот плоштад ќе привлече бројни посетители. На плоштадот „Свети Климент Охридски“ за забавата вечерва ќе бидат задолжени „Ле-трик“, „Бекдор-Бенд“, „Камелеон“, „Урбан планет“, Ѓоко Танески и Татијана Стефаноска.

Охрид украсен и со богата музичка програма ја пречекува Нова година

Специјален музички гостин на вечерта ќе биде Верица Ристеска, а свој перформанс ќе имаат Dj Face, Dj Gec и Dj Jana Slayy. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука