Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Реиздадената „Нова година“ на охридската група „Шармер“ новогодишен SuperPlay на Супер радио (Видео)

Охрид, 31. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Реиздадената и освежена „Нова година“ на охридската група „Шармер“ е новогодишен SuperPlay на програмата на Супер радио.

Слушателите на секој час имаат можност да ја слушнат старо-новата песна на групата „Шармер“ која годинава одбележува 30 години од формирањето и успешниот концерт во 1991-ва година. Неодамна го објавија и, како што велат, Back to the Future видеото за оваа песна.

Иако како бенд функционирале само неколку месеци и со измени во составот, сепак дружењето меѓу членовите останало до ден денес.

Љупчо Стојкоски- Лепи во интервју за Супер радио и OhridPres се навраќа на почетоците и на концертните настапи.

– Покрај мене како пејач, во „Шармер“ членуваа Тони Јованоски на бас гитара, Никола Василески- Коки на клавијатури, Саше Фудо на тапани и Аце Шурбаноски на гитара. Извесен период свиревме и најинтерсно беше што тоа е годината кога станавме независни како држава, Република Македонија. По повод независноста се организиараше концерт во центарот за култура каде учествувавме со три песни. Потоа бендот се измени, тапанарот и гитаристот заминаа и добивме три нови членови: Борис Бакал на ритам гитара, Горан Кулезаноски на соло гитара и Перчо Трајаноски, вели Стојкоски- Лепи.

Комплетното интервју ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука