COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

542 нови случаи на Covid-19, 32 новозаболени, едно починато и шест оздравени лица од Охрид

Скопје, 31. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 5.990 тестирања, при што се регистрирани 542 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 280
• Битола 52
• Охрид 32
• Кавадарци 31
• Прилеп 28
• Струмица 20
• Куманово 13
• Гевгелија 11
• Кичево 9
• Штип и Ресен по 8
• Валандово 7
• Велес 6
• Струга и Неготино по 5
• Тетово и Радовиш по 4
• Кочани 3
• Крива Паланка, Делчево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија по 2
• Гостивар, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Богданци и Македонска Каменица по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (57, 64 и 81 години), две починати лица од Битола (46 и 80 години) и по едно починато лице од Охрид (76 години) и Прилеп (73 години). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 298 оздравени пациенти од:

• Скопје 171
• Битола 19
• Прилеп 15
• Кавадарци 12
• Куманово 10
• Велес 8
• Штип, Ресен и Гостивар по 7
• Охрид и Гевгелија по 6
• Крива Паланка и Богданци по 4
• Кочани, Македонски Брод и Берово по 3
• Кичево, Неготино, Радовиш и Демир Хисар по 2
• Тетово Свети Николе, Пробиштип, Кратово и Виница по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.597.512 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.049, бројот на оздравени пациенти е 211.846, на починати е 7.960, а бројот на активни случаи изнесува 5.243. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука