Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата „растури“ новогодишна забава на улицата „Стив Наумов“ во Охрид

Охрид, 4. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти јануари 2022 година, во 00:20 часот, полициски службеници од СВР Охрид извршија контрола во хала на поранешен деловен објект, лоцирана на улицата „Стив Наумов“ во Охрид каде беше организирана новогодишна забава.

– Притоа, констатирано е дека организаторот овозможил присуство на шест малолетници подоцна од 24 часот, поради што, против правното и одговорното лице ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука