ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Рождество Христово – Божик

Охрид, 7. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го слават големиот празник Рождество Христово – Божик.

Со тоа, не само што ја продолжуваат вековната традиција на една од првите нации кои се со верата на Христос, туку уште еднаш со радост го слават спасоносниот настан – доаѓањето на Бога како човек на земјата.

Меѓу народот постои поговорката „Пред Божик, зад Божик, кај и да си, дома да си“, што значи дека за празникот треба да се биде дома во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Со посета на најблиската црква, а потоа подготвувањето на богатата и свечена божиќна трпеза, православните верници од Охрид и охридско, верни на својата вера и традицијата, денес го слават Божик. По синоќешната бадникова посна трпеза, денес се подготвува богата вечера.

Божикните честитки претежно се однесуваат на здравје, среќа и бериќет за иднина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука