Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со температура до 9. степени

Охрид, 9. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди во раните утрински часови и услови за локални врнежи од дожд попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 9. степени.

– До вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во понеделник, кога ќе дува умерен, а во вторник и среда засилен ветер од северен правец. Стабилизирање на времето ќе има од среда со ниски утрински и дневни температури, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука