Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Нов рок за автопатот Кичево-Охрид: Ќе се гради до крајот на 2023-та

Скопје/Охрид, 9. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – И за годинава се најавува интензивирање на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, проект на две влади, а за кој рокот за завршување повторно се пролонгира, овој пат до крајот на 2023 година.

Изградбата на автопатот, во должина од 57 километри, стартуваше во 2014 година во мандатот на претходната Влада.

Автопатот требаше да биде готов до 2018 година, но по промената на власта, според образложението на надлежните институции, поради пропусти во проектирањето, со анекс на Договорот рокот беше продолжен 30 јуни 2021.

Од ресорот транспорт очекуваат дека со усвојувањето на законските измени за анексот за продолжување на изградбата, градежните работи ќе се засилат со потребната динамика. Веќе се одобрени 63 од вкупно 70 нови проекти за автопатот и се отстрануваат институционалните пречки.

Реализирани се 62 проценти од работите, а седумгодишниот проект чини 598 милиони евра. (Крај)

извор: Тв Сител фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука