Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Казнети 11 возачи од Охрид кои возеле побрзо од дозволеното

Охрид, 10. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти јануари 2022 година, во периодот од 14:00 до 19:00 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници во Охрид затекнале 11 возачи кои ја надминале дозволената брзина на движење, од кои 3 надвор од населено место и 8 во населено место.

– Во Кичево, регистрирани се 6 возачи кои, во населено место управувале со брзина, поголема од дозволената. За сторениот прекршок, издадени се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука