Избор Локална самоуправа Спорт ТОП ВЕСТИ

Општината објави конкурс за избор на најдобрите во спортот во Охрид за 2021 година

Охрид, 10. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид покренува постапка за избор на „Најдобрите од спортот во општина Охрид“ за 2021 година. 

Наградите и признанијата за најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа во Охрид, се доделуваат за постигнати резултати во индивидуален и во клупски спорт во тековната година, на спортистки, спортисти и тренери кои настапуваат за спортски клубови, чиешто седиште е во Охрид.

Наградите и признанијата за спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Охрид, спортист/ка – од Охрид кој настапува надвор од територијата на општина Охрид и спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби, се доделуваат на жители на Охрид за постигнати резултати во индивидуален и во клубски спорт во тековната година, на спортистки и спортисти кои настапуваат за спортски клубови на територијата на општина Охрид и надвор од неа.

Наградата и признание за Спортска легенда – за посебни заслуги во спортот се доделува на лице родено во Охрид за промоција,развој и постигнати резултати во областа на спортот.

Право на предлагање на кандидати за изборот на најуспешните, имаат спортските клубови и нивните членови, чиешто седиште е во Охрид, како и физички лица.

Јавниот конкурс трае до 21-ви јануари до 13:00 часот. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука