Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила преку Стража

Кичево, 10. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража се укинува во 12:05 часот, информираат од АМСМ.

На патниот правец крак Маврово-Дебар поради интензивни врнежи од снег од 09:30 часот е на сила забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Стража, Маврово, Гостивар, Дебар, Крушево, Кичево и на планинските премини Буково, Ѓавато и Пресека. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, потенцираат од АМСМ.

Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево. (Крај)

извор: АМСМ фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука