Охрид, 10. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро е на еден сантиметар под месечниот просек (693,38 м.н.в)
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,37 м.н.в, што е за 27 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 8,5 степени, што е за степен и пол повисока од просекот за овој период од годината.
Во есенските месеци минатата година алармантна беше состојбата со водостојот на Охридското Езеро, кога, кон крајот на ноември „падна“ и на минимално дозволената кота.
Времето денес променливо облачно со врнежи од дожд, а на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 6. степени.
– Утре ќе има повремени локални врнежи претежно од снег и ќе дува засилен северен ветер. Потоа од среда времето ќе биде стабилно со умерен северен ветер, а од четврток постудено со утрински температури кои на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а и дневните на места ќе останат негативни, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР