јануари 10, 2022

Охрид, 10. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Како и што доликува, од Билјанините извори деновиве блика вода, со што целиот предел го доби препознатливиот лик и убавина.

Нискиот водостој на Охридското Езеро, сушниот период без врнежи од средината на септември ја оставија една од најпрепознатливите локации во градот под Самуиловата тврдина, без вода. Сега веќе еден месец изворите се во добра кондиција.

Нема достапен опис

Локалитетот „Билјанини извори“ охриѓани често го нарекуваат и душата на градот. Бројни посетители, домашни и странски се определуваат токму за посета на изворите, а локалитетот е една од најголемите препознатливости на древниот град под Самуиловата тврдина. Ова место го користат за да пешачат и да се релаксираат, како и да избегаат од гужвата која владее во центарот на градот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука