Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со температура до 5. степени

Охрид, 11. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен северен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 5. степени.

– Денес ќе има повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од утре следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а дневните понекаде ќе останат негативни, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука