Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Трајче Кацаров е добитник на престижната награда „Григор Прличев“ за 2021 година

Охрид, 11. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Трајче Кацаров е добитник на престижната награда „Григор Прличев“ за наградената поема за 2021 година „Цветко“, под шифра „Когито“.

Трајче Кацаров е поет, раскажувач, есеист и драмски автор. Работи како драматург во НУЦК „Ацо Шопов“ – Народен театар Штип. Наставен доценте е на Интернационалниот универзитет за аудио-визуелни уметности „Еуропа Прима“. Во 1993 година го основа Списанието за уметност СУМ и до ден-денес е негов главен и одговорен уредник. Во 1996 година со група истомисленици, го основа списанието Месечникот за театар „Тренд театар“ и станува негов уредник. Во 1997 година со група автори, го основа весникот на ДПМ „Стожер“. Од 2017 година е главен и одговорен уредник на Списанието на ДПМ „СТОЖЕР“. Како издавач има објавено триесетина книги од науката, есеистиката, уметноста и публицистиката, меѓу кои се: „Маларме“ од Ги Мишо, „Вера и скпеска“ од Јиржи Менцел, „Системот на Антонен Арто“ од Вадим Максимов, „Актерската игра“ од Михаил Чехов. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука