јануари 12, 2022

Охрид, 12. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро е во рамки на просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,38 м.н.в, што е за еден сантиметар повисоко од изминатите неколку дена и е за 28 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 8 степени, што е за еден степен повисока од просекот за овој период од годината.

Нема опис за фотографијата.

Колку за споредба минатиот јануари езерото беше и до 23 сантиметри под просекот за јануари.

Во Охрид денес сончево и студено време со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 4. степени.

– Следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во утре и во петок кога утринските температури на места ќе се спуштат и под -10 степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука