Забава Избор ТОП ВЕСТИ

„Бројаница“, нова песна на Игор Атанасоски – Гуру Харе

Скопје, 12. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Емотивна, нежна и плод на многу, многу музички километри зад себе. „Бројаница“ се вика најновото музичко дело на Игор Атанасоски – Гуру Харе.

Овој пат соработка со Тања Тас, пејачката на групата Темпера, „Бројаница“ е уште едно забележително дело од музичката работилница на Гуру Харе.

На проектот учествуваат Дамир Имери на Хемонд органа и Мите Димовски на тапани. Автор на музиката, текстот и аранжманот е Харе, кој исто така ги свири гитарите. Снимена и продуцирана во скопското студио „Тралала“ од Мите Димовски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука