Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и студено време со умерена облачност и температура до 1. степени

Охрид, 13. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и студено време со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 1. степени.

– Во следните денови времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде денес и утре кога на места ќе се спуштат и под -10 степени. Во недела и понеделник ќе има појава на утринска магла по одделни котлини, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука