Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Ловна пушка и 30 куршуми пронајдени кај лице од село Горенци

Охрид, 13. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 12/13.01.2022 полициски службеници од СВР Охрид извршија претрес во домот на 52-годишниот А.А. од охридското село Горенци.

Притоа, пронајдени се и одземени една ловна пушка „Монте Карло“, калибар 12 милиметри и 30 куршуми за ловна пушка различен калибар што нелегално ги поседувал.

– По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука