Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Пожар во помошни простории од куќа, запалено возило во движење

Охрид/Струга, 13. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти јануари во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во помошни простории од куќа на улица „Ѓорче Петров“ во Охрид.

Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид, повредени лица нема. Увид извршија полициски екипи.

Во друг случај, на 12-ти јануари 2022 година, во ОВР Струга е пријавено дека во атарот на струшкото село Селци настанал пожар во патничко возило во движење „Лада“, со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 44-годишниот Н.Ч. од селото Нерези.

Пожарот, во кој нема повредени лица, е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга. Увид извршија полициски екипи. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука